ЛУНА КОНСАЛТИНГ ДООЕЛ е лиценцирано сметководствено биро кое ви нуди професионални услуги во областа  на сметководствените работи, даночниот и финансиски консалтинг. Нашето работење се одвива професионално, квалитетно и целосно во согласност со законските прописи  и меѓународните сметководствени стандарди МСФИ.

Друштвото ЛУНА КОНСАЛТИНГ ДООЕЛ за вршење на сметководствените работи располага со лиценца  бр.71 0514 издадена од ИСОС.

Нашата стручност покрива повеќе дејности кои ги вршат клиентите како што се услужните дејности, градежништво, ИТ сектор, трговија на големо и мало.

Нашето професионално искуство се заснова на долгогодишното работно искуство во областа на сметководството. Стручниот тим се состои од професионалци од областа на сметководство и сферата на даноци како и надворешни стручни соработници од економскиот и правниот сектор. Нашата цел е да ја преземеме целосно обврската околу вршење на сметководствените и книговодствени работи, за да можете вие како наши клиенти да се посветите на квалитетно менаџирање на деловните политики во рамките на вашата компанија.