» СМЕТКОВОДСТВО
» ДАНОЧЕН И ФИНАНСИСКИ КОНСАЛТИНГ
» ЕКОНОМСКИ ВЕШТАЧЕЊА

Луна Консалтинг

ЛУНА КОНСАЛТИНГ ДООЕЛ е лиценцирано сметководствено биро кое ви нуди професионални услуги во областа  на сметководствените работи, даночниот и финансиски консалтинг. Нашето работење се одвива професионално, квалитетно и целосно во согласност со законските прописи  и меѓународните сметководствени стандарди МСФИ.

УСЛУГИ

Водење на комплетно финансиско сметководство ( книжење на влезни / излезни фактури, денарски и девизни изводи, промет по дебитни / кредитни банкарски картички)
Изготвување на годишни сметки
Изготвување на месечни пресметки за бруто плата
Изготвување и поднесување на ДДВ пријави, даночен консалтинг
Изготвување на пресметки за персонален данок преку е-системот ПДД
Водење на основни средства ( водење на регистар на основни средства, пресметка и книжење на амортизација)
Подготовка на сметководствена документација за банкарски кредити
Изготвување на финансиски извештаи (Приходи, Расходи, Биланс на состојба, Биланс на успех, парични текови)
Изготвување на изводи на отворени ставки
Водење на персонална евиденција за вработени
Пријава / Одјава на вработени
Изработка на вештачења од областа на финансиско – материјално сметководство
Подготовка на изјави за компензација, договори за отстапување на побарување / долг, договор за асигнација итн.